За нас

Центарот за општествени истражувања и развој ЦСРД Призма од Скопје е непрофитно, невладино, непартиско здружение, основано во 2013 година. Мисијата на здружението е придонес кон општествениот развој, преку истражувачки и развојни проекти во социо-економската сфера.

Стратешки цели на Здружението се:

• Спроведување квалитативни и квантитативни општествени истражувања, и истражувања на политиките;

• Иницирање развојни проекти од различни општествени области, со цел придонес кон решавање на општествените проблеми и подобрување на животните услови на граѓаните на РМ.